Протест во Израел против премиерот Бенјамин Нетанјаху

Илјадници демонстранти кои се собраа пред владината резиденција во Западен Ерусалим го повикаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на оставка

1485544
Протест во Израел против премиерот Бенјамин Нетанјаху

Илјадници лица во Израел одржаа против против премиерот Бенјамин Нетанјаху поради судскиот процес за корупција што се води против него и неуспехот во управувањето со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Демонстрантите кои се собраа пред владината резиденција во Западен Ерусалим, го повикаа израелскиот премиер Нетанјаху на оставка.

На протестот организиран од страна на групата позната како „Движење црно знаме“, учествуваа илјадници лица.

Демонстрантите алудирајќи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своите раце носеа транспаренти со натписи „премиер криминалец“, а често извикуваа и слогани „Биби (Нетанјаху) оди си дома“.

Израелската полиција се обиде да притвори некои лица, додека демонстрантите се спротивставија на тоа и извикуваа „засрами се“.

Во Израел каде што дојде до втор бран на епидемијата на Ковид-19 и каде невработеноста се искачи на над 20-отсто, приближно 3 месеци како продолжуваат да се одржуваат протести против премиерот Бенјамин Нетанјаху и овие протести се прошируваат.



Слични вести