Повик од ОН за зелена енергија

На чело со Јапонија, сите развиени земји во период кога ќе се спасат од коронавирусот, треба да ја намалат зависноста од фосилните горива и да инвестираат во обновлива енергија

1484460
Повик од ОН за зелена енергија

 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати повик до развиените земји за откажување од фосилните горива вклучувајќи го и јагленот и упати повик да инвестираат во зелената енергија.

Под покровителство на Министерството за екологија на Јапонија преку интернет се одржа конференција под наслов „Онлајн платформа за отпорна и одржлива борба против Ковид-19“.

Генералниот секретар на ОН Гутереш во говорот во оваа прилика рече:

„На чело со Јапонија, сите развиени земји во период кога ќе се спасат од коронавирусот, треба да ја намалат зависноста од фосилните горива и да инвестираат во обновлива енергија.

Се соочуваме со две критични кризи и тоа Ковид-19 и климатските промени. Јапонија како земја со напредна технологија треба да се откаже од финансирањето на изградбата на централите од јаглен и да одиграат предводничка улога во преминот кон обновлива енергија.

Од економски аспект бесмислено е трошењето пари во централите на јаглен кои наскоро ќе се претворат во напуштени зданија. Во ниту еден инвеститорски план нема разумна рамка за моќта на јагленот. Чистата енергија подразбира повисока стапка на вработување, почист воздух, подобрено здравје и посилен еконмски рааст“ подвлече Гутереш.



Слични вести