Апсења во американскиот град Кеноша
Од 24 август наваму во градот беше прогласен полициски час кој синоќа заврши

Во протестите кои избувнаа во американскиот град Кеноша по застрелувањето на афроамериканецот Џекоб Блејк од страна на полицијата, беа уапсени 252 лица.
Полицијата соопшти дека во протестите во градот Кеноша во сојузната држава Висконсин, од 23 август кога од страна на полицијата беше застрелан Блејк, беа уапсени 252 лица.
132 лица од уапсените не живеат во Кеноша.
Инаку од 24 август наваму во градот беше прогласен полициски час кој синоќа заврши.
На едно видео кое беше споделено на социјалните медиуми се гледа како афроамериканецот Блејк додека се обидува да ја отвори вратата на автомобилот и сака да влезе е попречуван, додека нешто потоа отпозади беше застрелан со 7 куршуми.
Во моментот кога Блејк се обидуваше да влезе во автомобилот и беше застрелан од страна на полицијата, во автомобилот се наоѓаа 3 деца.
Блејк кој беше застрелан од позади од страна на полицијата и кој од половината надоле остана парализиран, тешко ќе може да оди.
Како последица на насилството на полицијата во САД, во мај во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота загина афроамериканецот Џорџ Флојд, по кој настан во земјата избувнаа протести кои траеја скоро еден месец и повремено дојде до жестоки судири.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 88.723.000