Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 189 илјади 964 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 290 илјади 737 инфектирани

1483861
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona paris.jpg
super foto korona roma.jpg
SPR Brazil korona.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
Covid-19.jpg
super covid19 hindistan.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
SPR Barcelona covid.jpg
Süper Covid-19.jpg
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
super covid19 2.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 867 илјади 370 лицa, на случаите на зараза изнесува над 26 милиони 184 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 18 милиони 448 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 189 илјади 964 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 290 илјади 737 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 123.899, а на случаите на зараза достигна до 4 милиони 001 илјада 422 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 575 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 65.816, додека со регистрирани 4.921 новозаразено лице бројот на случаите на зараза достигна до 610.957 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.514 лица, а на случаите на зараза достигна до 338.676.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 6 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.497. Регистрирани се 1.326 новозаразени и вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 271.515 лица. Како што се истакнува меѓу заболените се наоѓа и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за кого е соопштено дека е позитивен на Ковид-19 и дека моментално се наоѓа под карантин.

Во Франција, од епидемијата во изминатите 24 часа животот го загубија уште 26 лица со што бројот на смртните случаи достигна до 30.686, додека бројот на случаите на зараза со раст дури за 7.017 лица се зголеми на 293.024. Научниот совет на Франција претходно соопшти дека постои загриженост наесен или во зимските месеци да дојде до втор бран на епидемијата во земјата.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 29.194, а на инфектираните достигна до вкупно 479.554 лица. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 29.259

Колумбија 20.348

Чиле 11.344

Белгија 9.898

Германија 9.393

Канада 9.135

Аргентина 9.118

Еквадор 6.619

Холандија 6.235

Шведска 5.820

Боливија 5.203

Романија 3.721

Полска 2.078 

Швајцарија 2.011

Португалија 1.827

Србија 716

Бугарија 648

Босна и Херцеговина 627

Северна Македонија 606

Албанија 296

Грција 273

Хрватска 191

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 3 милиони 853 илјади 406 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 67.486.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 17.414, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 005 илјади лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 21.797 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 378.752. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.328 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 297.014. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 7.616

Ирак 7.201

Бангладеш 4.351

Саудиска Арабија 3.956

Филипините 3.623

Украина 2.656

Авганистан 1.409

Јапонија 1.307

Израел 969

Белорусија 691

Јужна Кореја 329

Бахреин 190

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 30.370 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 273 илјади 213.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 14.389, а потоа следуваат Египет со 5.461, Алжир 1.523, Мароко 1.216, Нигерија 1.027, Етиопија 846, Судан 823, Кенија 581, Камерун 415, Сенегал 287 починати.

 



Слични вести