Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК киднапираше уште едно 13 годишно девојче

Користењето на децата во војна од страна на терористичката организација беше објавено во „Извештајот за трговија со бело робје 2020“ на американскиот Стејт департмент од 26 јуни 2020

1483235
Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК киднапираше уште едно 13 годишно девојче

 

Во судирот меѓу приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и семејството на едно девојче кое беше киднапирано во Сирија, беше повреден еден терорист.

Сепаратистичко-терористичката организација продолжува со киднапирање на децата на семејствата во окупираните територии во Сирија.

Терористичката организација киднапираше уште едно 13 годишно девојче во селото Харам Шејхо кое се наоѓа западно од окупираното место Камишли.

Членовите на семејството чие девојче беше киднапирано и соседите ја опседнаа зградата во која се наоѓаа приврзаниците на терористичката организација во Камишли и побараа девојчето да им се врати.

Во турканицата која избувна меѓу собраната толпа и приврзаниците на терористичката организација, еден терорист беше повреден со огнено оружје.

Терористите испратија голем број свои луѓе на местото каде што беше доживеан настанот и ги растераа собраните селани.

Сеуште нема информации за девојчето кое беше киднапрано од страна на терористичката организација.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и претходно во окупираните подрачја честопати под присила на оружје киднапираше голем број деца.

Користењето на децата во војна од страна на терористичката организација беше објавено во „Извештајот за трговија со бело робје 2020“ на американскиот Стејт департмент од 26 јуни 2020.

Во извештајот беше истакнато дека терористичката ЈПГ во камповите на северот на Сирија, под присила на оружје и натаму продолжува со присилна воена обука на децата на 12 годишна возраст и истите да ги експлоатира.

Советот за човекови права на ОН во извештајот што го објави на 16 јануари сподели нови откритија во врска со искористувањето на децата борци од страна на терористите на ЈПГ/ПКК.



Слични вести