Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 187 илјади 736 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 211 илјади 796 инфектирани

1482487
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto korona paris.jpg
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto ispanya korona.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
Covid-19.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
super covid19 abd
Covid Süper.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 hijyen.jpg
super covid19 2.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 854 илјади 733 лицa, на случаите на зараза изнесува над 25 милиони 638 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 17 милиони 943 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 187 илјади 736 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 211 илјади 796 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 121.515, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 910 илјади 901 лице.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 256 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 64.414, додека со регистрирани 3.719 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 599.560 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.501 лице, а на случаите на зараза достигна до 335.873.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 6 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.483. Регистрирани се 996 новозаразени и вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 269.214 лица.

Во Франција, од епидемијата во изминатите 24 часа животот го загубија уште 29 лица со што бројот на смртните случаи достигна до 30.635, додека бројот на случаите на зараза со раст за 3.082 лица се зголеми на 281.025. Научниот совет на Франција соопшти дека постои загриженост наесен или во зимските месеци да дојде до втор бран на епидемијата во земјата.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека во последните 7 дена од Ковид-19 починаа 141 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на 29.974, додека од петокот досега се регистрирани 23.572 нови случаи така што бројот на инфектираните достигна до вкупно 462.858 лица. Шпанскиот премиер Педро Санчез во говорот што го одржа на една конференција на која направи проценка на влијанијата на Ковид-19 во земјата го рече следното: „Постои потреба да се обединиме против најголемиот предизвик на столетието.“

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 28.944

Колумбија 19.663

Чиле 11.289

Белгија 9.895

Германија 9.371

Канада 9.126

Аргентина 8.660

Еквадор 6.556

Холандија 6.224

Шведска 5.808

Боливија 5.027

Романија 3.621

Полска 2.039  

Швајцарија 2.006

Португалија 1.822

Србија 713

Бугарија 629

Босна и Херцеговина 609

Северна Македонија 603

Албанија 284

Грција 266

Хрватска 186

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 3 милиони 691 илјади 166 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 65.435.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 17.176 лица, а на случаите на зараза изнесува 995.319.

Во Иран, кадешто досега починаа 21.571 лице, бројот на случаите на зараза се искачи на 375.212. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.298 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 296.149. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 7.417

Ирак 7.042

Бангладеш 4.281

Саудиска Арабија 3.897

Филипините 3.563

Украина 2.557

Авганистан 1.402

Јапонија 1.279

Израел 939

Белорусија 681

Јужна Кореја 324

Бахреин 190

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 29.862 лица, а на случаите на зараза достигна до 1.257.316.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 14.149, а потоа следуваат Египет со 5.421, Алжир 1.510, Нигерија 1.013, Мароко 1.141, Судан 823, Етиопија 809, Кенија 577, Камерун 411, Сенегал 284 починати.



Слични вести