На протестите во Белорусија вчера се притворени 173 лица

Портпаролката на министерството за внатрешни работи Олга Чемоданова истакна дека и во недела беа одржани недозволени протести низ земјата за време на кои се притворени 173 лица

1482461
На протестите во Белорусија вчера се притворени 173 лица

На протестите против претседателските избори коишто проодлжуваат во Белорусија, вчера се притворени 173 лица.

Портпаролката на министерството за внатрешни работи Олга Чемоданова истакна дека и во недела беа одржани недозволени протести низ земјата и го рече следното: „За време на овие протести се притворени 173 лица во земјата. Притворите ќе продолжат се до одржување на судските постапки поврзани со административни кривични дела.“

Во меѓувреме, и белорускиот министер за внатрешни работи Јуриј Карајев соопшти дека од денот кога започнаа протестите во земјата досега се повредени 131 полицаец и дека лекувањето на 28 мина од нив продолжува.

Од друга страна пак, Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека внимателно ги следатт случувањата во Белорусија.   

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекенани го рече следното: „Широките народни маси кои одржуваат мирољубиви протести покажуваат дека Владата веќе не може да го изоставува од вид повикот на народот за демократија. Освен тоа, и Русија мора да го почитува суверенитетот на Белорусија и правото на нејзиниот народ слободно да го избере својот лидер.“

Портпаролката Мекенани напомена дека САД ги поддржуваат меѓународните напори за истражување на нерегуларностите на изборите и прекршувањата на човековите права во Белорусија.

Инаку, по одржаните претседателски избори на 9 август во Белорусија на кои победи актуелниот претседател Александер Лукашенко во земјата започнаа протести на кои се тврди дека изборите биле наместени и овие протести траат веќе неколку недели.



Слични вести