Бројот на загинатите во поплавите во Бангладеш се зголеми на 251 лице

Министерството за здравство и благосостојба на семејството на Бангладеш се истакнува дека во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд коишто продолжуваат од 30 јуни наваму животот го загубија 251 лице, додека повеќе од 57 илјади лица се заболени

1482449
Бројот на загинатите во поплавите во Бангладеш се зголеми на 251 лице

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од силните монсунски врнежи од дожд во Бангладеш се зголеми на 251 лице, повеќе од 57 илјади лица се заболени од нечистата вода, стотици илјади лица се принудени да се иселат, а се погодени приближно 5 милиони луѓе.

Во објавеното соопштение од Министерството за здравство и благосостојба на семејството на Бангладеш се истакнува дека во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд коишто продолжуваат од 30 јуни наваму животот го загубија 251 лице, додека повеќе од 57 илјади лица се заболени од болести предизвикани од нечистата вода.

Во соопштението се вели дека во погодените подрачја од поплави стотици илјади лица се принудени да ги напуштат своите домови, додека од оваа елементарна непогода се погодени приближно 5 милиони луѓе.

Од друга страна, како што се истакнува причинетата штета кај земјоделските производи поради катастрофата од поплави во Бангладеш изнесува приближно 156,6 милиони долари.



Слични вести