Повик од ОН до Турција и Грција за дијалог во Источниот Медитеран

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич рече дека со "загриженост" ја следат затегнатоста помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран и упати повик за дијалог

1481108
Повик од ОН до Турција и Грција за дијалог во Источниот Медитеран

Обединетите нации (ОН) упатија повик за "дијалог" до Турција и Грција за намалување на присутната затегнатост во Источниот Медитеран.

Портпаролот на генералниот секретар Стефан Дујарич на редовната дневна прес конференција рече дека со "загриженост" ја следат затегнатоста помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран.

Велејќи дека решавањето на проблемот по "мирољубиви патишта" е од "критично" значење за генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Дујарич упати повик за "дијалог" до Турција и Грција. 

Стефан Дујарич воедно рече дека генералниот секретар ги поддржува дипломатските напори коишто се водат за намалување на затегнатоста.



Слични вести