Шинзо Абе изјави дека се повлекува од функцијата премиер на Јапонија

Јапонскиот премиер Шинзо Абе истакна дека за време на последните здравствени контроли научил оти повторно почнало да му се влошува здравјето поради што одлучил да ја напушти премиерската функција

1480951
Шинзо Абе изјави дека се повлекува од функцијата премиер на Јапонија

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска изјави дека поднесува оставка од премиерската функција поради здравствени проблеми со коишто се соочува од 2012 година наваму.

Велејќи дека за време на последните здравствени контроли научил оти повторно почнало да му се влошува здравјето, Абе рече: „Минатиот месец дознав дека повторно ми се влошува здравјето. Оваа недела ми е направен нов тест. Во управувањето со државата е важен резултатот. Не можам правилно да ги донесувам моите одлуки.“

Шинзо Абе истакна дека одлучил да не ја продолжува својата премиерска функција којашто ја извршува во текот на 7 години и 8 месеци.

На едно поставено прашање во однос на можноста да продолжи да ја извршува функцијата во текот на лекување, Абе рече: „ Нема гаранција за тоа дека мојата болест сигурно ќе оди кон добро.Наближува отворањето на Парламентот. Помислив дека е најпогодно време да се поднесе оставка. Одлучив да отстапам од оремиерската функција бидејќи лошото здравје не би требало да доведе до погрешни политички одлуки.“

Во објавените вести во националниот печат беше истакнато дека во месец јули Абе во премиерската резиденција плукал крв.

Според веста на новинската агенција „Кјодо“, 65-годишниот Шинзо Абе кој два пат годишно е подложен на редовни прегледи, од почетокот на овојмесец беше подложен на низа здравствени прегледи.

Шинзо Абе на почетокот на неделата, ја доби титулата "премиер на Јапонија со најдолг мандат во историјата". 

 

Абе, својата премиерска функција којашто ја презеде за прв пат во 2006 година ја напушти и во 2007 година поради хронично воспаление на цревата.

Тогаш Абе истакна дека ја победил болеста благодарение на еден нов метод на лекување, по што повторно се врати најпрвин на чело на Либерално демократската партија (ЛДП), а потоа во 2012 година ја презеде и премиерската функција.

Шинзо Абе на почетокот на неделата, ја доби титулата „премиер на Јапонија со најдолг мандат во историјата“. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека чувствува залење поради оставката на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиа следното: „Почувствував жалење поради оставката поради здравствени проблеми на премиерот Абе кој обезбеди значаен придонес во развојот на односите помеѓу Турција и Јапонија.

Мевлут Чавушоглу му се заблагодари на Абе за неговите придонеси за турско-јапонските односи, а воедно му посака и побрзо оздравување.



Слични вести