Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 184 илјади 796 лица, а на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 046 илјади 634 инфектирани

1480444
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto ispanya korona.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
italya koronavirüs.jpg
super covid19 ispanya
Covid-19.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 hijyen.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 835 илјади 637 лицa, на случаите на зараза изнесува над 24 милиони 629 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 17 милиони 095 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 184 илјади 796 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 046 илјади 634 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 118.726, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 764 илјади 493 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 518 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 62.594, додека со регистрирани 6.026 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 579.914 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, во изминатите 24 часа со раст за уште 12 починати бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.477 лица. Исто така се регистрирани уште 1.522 новозаразени што пак е највисока дневна бројка на нови случаи во земјата. На тој начин бројот на случаите на зараза во Велика Британија достигна до 330.368.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 5 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.463. Во изминатите 24 часа исто така се регистрирани и 1.411 новозаразени што претставува највисока дневна бројка од месец мај досега. Бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 263.949 лица. .

Во Франција, од епидемијата во изминатите 48 часа (за два дена) животот го загубија уште 32 лица со што бројот на смртните случаи достигна до 30.576, додека бројот на случаите на зараза со раст од дуриг 6.111 лица што претставува највисока бројка од месец април досега се зголеми на 259.698 лица. Губернијата на Париз по ваквиот енормен раст во бројот на случаите соопшти дека денеска почнувајќи од 08:00 часот по локално време во целиот главен град Париз ќе мора задолжително да се носи маска.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека во последните 7 дена од Ковид-19 починаа 132 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 28.996, додека во изминатите 24 часа со регистрирани 9.658 нови случаи на зараза бројот на инфектираните достигна до 429.507 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 28.277

Колумбија 18.468

Чиле 11.072

Белгија 9.884

Германија 9.359

Канада 9.102

Аргентина 8.050

Еквадор 6.471

Холандија 6.218

Шведска 5.820

Боливија 4.791

Романија 3.459  

Швајцарија 2.003

Полска 2.010

Португалија 1.809

Србија 707

Бугарија 594

Северна Македонија 585

Босна и Херцеговина 582

Албанија 266

Грција 254

Хрватска 177

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 3 милиони 387 илјади 500 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 61.694.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 16.804 лица, а на случаите на зараза изнесува 975.576.

Во Иран, кадешто досега починаа 21.137 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 367.796. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.283 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 295.053. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 7.064

Ирак 6.740

Бангладеш 4.127

Саудиска Арабија 3.785

Филипините 3.234

Украина 2.403

Авганистан 1.401

Јапонија 1.226

Израел 884

Белорусија 662

Оман 650

Јужна Кореја 316

Бахреин 188

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 28.910 лица, а на случаите на зараза достигна до 1.225.249.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 13.628, а потоа следуваат Египет со 5.342, Алжир 1.475, Нигерија 1.011, Мароко 1.011, Судан 823, Етиопија 745, Кенија 567, Камерун 411, Сенегал 277 починати.



Слични вести