Германија го повтори повикот за дијалог во Источниот Медитеран

Германската канцеларка Ангела Меркел рече: „Јас вложувам обид за да не дојде до зголемување на затегнатоста (помеѓу Турција и Грција). Тамошните дискусии во врска со споделувањето на економските зони, можат да се водат само заедно“

1480846
Германија го повтори повикот за дијалог во Источниот Медитеран
merkel angela

Германската канцеларка Ангела Меркел на приредената традиционална летна прес конференција истакна дека намалувањето на тензијата во Источниот Медитеран ќе биде можно со дијалог.

Меркел рече: „Јас вложувам обид за да не дојде до зголемување на затегнатоста (помеѓу Турција и Грција). Тоа понекогаш е можно само со повторно и повторно разговарање само на двете страни. Тамошните дискусии во врска со споделувањето на економските зони, можат да се водат само заедно. Германија вложува напори за тоа.“

Германската канцеларка појасни дека разговарала интензивно со францускиот претседател Емануел Макрон, укажа на тоа дека Турција и Грција се НАТО сојузници и ја изнесе следната констатација: „Сојузот е измеѓу две членки на НАТО. Тоа не може да не остави индиферентни. Дури и поради тоа овие работи треба да бидат разјаснети внатре во Сјузот.“

На едно поставено прашање, германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека денеска не се предвидува разговор со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го рече следното: „Меѓутоа, со него разговараме многу често.Како и секогаш кога ќе се одржи одреден разговор за тоа набрзина ќе ве информираме.“



Слични вести