Трамп: Во Висконсин ќе бидат испратени федерални безбедносни сили и припадници на националната гарда

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Нема да ги поддржуваме грабежите, опожарувањата, насилството и беззаконието на американските улици.“

1479815
Трамп: Во Висконсин ќе бидат испратени федерални безбедносни сили и припадници на националната гарда

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека за интервенција против протестите коишто започнаа и проодлжуваат да растат по застрелувањето на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на американската полиција во градот Кеноша во сојузната држава Висконсин, ќе бидат испратени федерални безбедносни сили и припадници на националната гарда.

Трамп во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Нема да ги поддржуваме грабежите, опожарувањата, насилството и беззаконието на американските улици.“

Инаку, во случајот којшто се случи во недела попладне во градот Кеноша во сојузната држава Висконсин, американската полиција пукаше во грбот на Афроамериканецот Џејкоб Блејк кој беше тешко ранет со повеќе куршуми.

Татко му на застреланиот Блејк, во дадената изјава за американските медиуми истакна дека во телото на неговиот син има рани од 8 куршуми и дека е парализиран од половината надолу. 

На објавеното видео на социјалната медија се гледа како американски полицаец го фаќа за облеката Афроамериканецот Џејкоб Блејк кој ја отвора вратата на својот автомобил и се обидува да влезе, го спречува да влезе во автомобилот и потоа неколкупати пука во неговиот грб.

Како што беше наведено во моментот кога бил застрелан Блејк додека се обидувал да се качи во својот автомобил, во автомобилот се наоѓале и неговите 3 деца.

Американската полиција пак, изјави дека на местото на настанот отишле по добиени информации поради „семејно насилство“.

Од друга страна, уапсен е 17 годишниот осомничен во врска со убиството на две лица кој пукал за време на протестите коишто започнаа и се проширија по случајот со застрелување на Афроамериканецот Џејкоб Блејк.

Според објавеното соопштение од страна на одделот на полицијата во Антиок, во врска со смртта на две лица и едно тешко рането лице е уапсен 17 годишниот Кајл Ритенхаус на кого ќе му се суди за „извршено намерно убиство од прв степен“.

На едно снименао видео на местото на натсанот, се гледа како едно лице со полуавтоматска пушка на сред улица пука врз демонстрантите.



Слични вести