Терористот Тарант ја доби најголемата досега изречена казна во Нов Зеланд: Доживотен затвор без можност за условна слобода

Судијата Камерун Мандер, кој ја прочита пресудата на завршното рочиште пред Високиот суд во Крајстчрч истакна дека Тарант е осуден за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за кривично дело тероризам, поради што му се изрекува доживотна затворска казна

1479858
Терористот Тарант ја доби најголемата досега изречена казна во Нов Зеланд: Доживотен затвор без можност за условна слобода

Терористот Брентон Тарант кој во извршениот вооружен напад врз две џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд уби 51 лице, а рани 49 лица кои во моментот на нападот се наоѓаа на клањање џума намаз (петочната молитва) е осуден на казна доживотен затвор без можност за условна слобода.

Судијата Камерун Мандер кој на завршното рочиште во Високиот суд во Крајстчрч ја прочита пресудата соопшти дека терористот Тарант е осуден за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за извршено кривично дело тероризам, поради што му се изрекува доживотна затворска казна без можност за условна слобода.

Изјавата на терористот Брентон Тарант кој на вчерашното рочиште не сакаше да ја прочита сопствената одбрана, ја прочина неговиот адвокат.

Тарант ги прифати сите обвиненија за кои се терети, за извршени 51 убиство, 40 обиди за убиство и еден извршен терористички напад.

Ескремно десничарскиот терорист кој застанува во одбрана на супериорноста на белата раса по четиридневното судење се очекуваше да биде осуден на доживотен затвор.

Терористот Тарант на 15 март 2019 година изврши вооружен терористички напад со автоматски оружја врз џамиите Нур и Линвуд во градот Крајстчрч во Нов Зеланд.

Во овој терористички напад кон беше дочекан со реакција во Нова Зеланд и општо во светот животот го загубија 51 лице од кои еден Турчин, а беа ранети 49 лица од кои двајца Турци.

Изречената казна на терористот Тарант е најтешка изречена казна во досегашната историја на Нов Зеланд.

Казната беше дочекана со задоволство од страна на блиските на загинатите (шехидите) и оние кои се спасија ранети од нападот.

Во меѓувреме, новозеландската премиерка Џасинда Ардерн исто така го изрази задоволството од задоволување на правдата и го рече следното: „Ова беше досега невидено злосторство во Нов Зеланд. Затоа е изречена досега невидена казна.“ 

Во врска со изречената казна доживотен затвор за терористот Тарант, Ардерн рече: „Ме успокои тоа што тој веќе нема да види бел ден.“

Министерот за надворшени работи на Нов Зеланд и лидер на Партијата Прво Нов Зеланд Винстон Питерс истакна дека муслиманите во земјата претрпеа доволно болки и рече: „Како партија сметаме дека терористот треба да биде испратен во земјата од чија страна е воспитан.“

По оваа изјава на Питерс, австралискиот премиер Скот Морисон во дадената изјава во главниот град Канбера истакна дека не е доставено било какво барање по прашањето на предавањето на терористот кој застанува во одбрана на супериорноста на белата раса на неговата родна земја.



Слични вести