Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 183 илјади 653 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони инфектирани

1479795
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
Covid-19.jpg
super covid19 hindistan.jpg
super covid19 ispanya
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
Süper Covid.jpg
SPR Barcelona covid.jpg
super covid-19 kolombiya
super covid19 abd
süper covid19.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 hijyen.jpg
super covid19 hijyen3.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 829 илјади 683 лицa, на случаите на зараза изнесува над 24 милиони 336 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 16 милиони 875 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 183 илјади 653 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 117.756, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 722 илјади 004 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 626 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 62.076, додека со регистрирани 5.267 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 573.888 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.465 лица, а на случаите на зараза изнесува 328.846.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 13 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.458, а на случаите на зараза  со регистрирани 1.367 новозаразени достигна до 262.540 лица. Островот Сардинија во западниот дел на земјата пред летото беше едно од местата кадешто епидемијата се забележуваше најмалку, додека во последните денови се регистрирани нови случаи и тоа кај оние кои го поминуваат одморот овде.

Во Франција, бројот на смртните случаи достигна до 30.544, а на случаите на зараза изнесува 253.587 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека во последните 7 дена од Ковид-19 починаа 129 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 28.971, додека во изминатите 24 часа се регистрирани 7.296 нови случаи на зараза и бројот на инфектираните достигна до 419.849 лица. Во земјата продолжуваат дискусиите во врска со тоа како ќе започне новата учебна година во септември во време кога повторно дојде до пораст во бројот на новите случаи на зараза од Ковид-19, така што по просветните работници и учениците донесоа одлука за протести.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 28.124

Колумбија 18.184

Чиле 10.990

Белгија 9.879

Германија 9.352

Канада 9.094

Аргентина 7.839

Еквадор 6.410

Холандија 6.215

Шведска 5.817

Боливија 4.726

Романија 3.421  

Швајцарија 2.003

Полска 1.994

Португалија 1.807

Србија 707

Бугарија 586

Северна Македонија 578

Босна и Херцеговина 571

Албанија 263

Грција 248

Хрватска 175

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 3 милиони 310 илјади 234 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 60.629.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 16.683 лица, а на случаите на зараза изнесува 970.865.

Во Иран, кадешто досега починаа 21.020 лице, бројот на случаите на зараза се искачи на 365.606. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.274 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 294.638. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 6.944

Ирак 6.668

Бангладеш 4.082

Саудиска Арабија 3.755

Филипините 3.137

Украина 2.354

Авганистан 1.401

Јапонија 1.196

Израел 875

Белорусија 657

Оман 646

Јужна Кореја 313

Бахреин 186

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 28.656 лица, а на случаите на зараза достигна до 1.216.558.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 13.502, а потоа следуваат Египет со 5.317, Алжир 1.465, Нигерија 1.010, Мароко 984, Судан 819, Етиопија 725, Кенија 564, Камерун 410, Сенегал 275 починати.



Слични вести