Мас: Во спорот во Источниот Медитеран постои потреба од дипломатско решение

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека во спорот во Источниот Медитеран постои потреба од дипломатско решение

1480281
Мас: Во спорот во Источниот Медитеран постои потреба од дипломатско решение

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во дадената изјава пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ) во главниот град на Германија Берлин, истакна дека во спорот во Источниот Медитеран постои потреба од дипломатско решение. 

Мас нагласи дека ќе водат обиди за формирање на предусловите  за одржување на директни разговор по прашањето на решавање на проблемите помеѓу Турција и Грција, а воедно рече дека ќе го дадат секој вид придонес за да не би дошло воено еден наспроти друг.

„Ние имаме потреба од дипломатско решение во овој спор. Тоа ми го рекоа и двете страни за време на моите разговори во Атина и Анкара. Спорот во Источниот Медитеран никој не сака да го реши со воени бродови. Тогаш треба да се одржат директни средби помеѓу Атина и Анкара.“ - рече Мас

Велејќи дека на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) ќе бидат разгледани и случувањата во Белорусија, Хеико Мас наведе дека на овој состанок ќе биде разгледано тоа како би можел да се зголеми притисокот врз белорускиот претседател Александер Лукашенко.

По прашањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални за кого според првични наоди е истакнато дека е отруен и кој се наоѓа на лекување во Берлин, германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас рече дека е побарано од Русија да даде придонес во обелоденувањето на овој случај.



Слични вести