Застреланиот Афроамериканец Блејк парализиран, а во Висконсин е прогласена вонредна состојба

Татко му на застреланиот Блејк, истакна дека во телото на неговиот син има рани од 8 куршуми и дека е парализиран од половината надолу, додека гувернерот на сојузната држава Висконсин Тони Еверс соопшти дека е прогласена вонредна состојба

1479162
Застреланиот Афроамериканец Блејк парализиран, а во Висконсин е прогласена вонредна состојба

Афроамериканецот Џејкоб Блејк кој пред очите на своите три деца беше застрелан во Кеноша во сојузната држава Висконсин во Соединетите Американски Држави (САД) преживеа но ќе остане парализиран од половината надолу.

Татко му на застреланиот Блејк, истакна дека во телото на неговиот син има рани од 8 куршуми и дека е парализиран од половината надолу. 

Сопругата на Џејкоб Блејк, Лакуиша Букер пак, изјави дека во моментот кога полицијата го застрела неговиот сопруг и трите нивни деца се наоѓале во автомобилот и тие во тој момент исплашени викале на сет глас.

Во меѓувреме, продолжуваат протестите коишто започнаа по случајот кога Афроамериканецот Џејкоб Блејк беше застрелан од страна на американската полиција во грбот.

Гувернерот на сојузната држава Висконсин Тони Еверс соопшти дека откако за време на растечкото насилство на протестите демонстрантите почнаа да извршуваат напади врз некои работни места е прогласена вонредна состојба во сојузната држава.

Инаку, афроамериканецот Џејкоб Блејк, татко на 3 деца, во Кеноша во сојузната држава Висконсин, во неделата на сред бел ден пред очите на неговите деца беше застрелан од страна на полицијата.

Според најновите добиени информации за неговата состојба Тој преживеал, но ќе остане парализиран од половината надолу.

На објавеното видео на социјалната медија се гледа како американски полицаец го фаќа за облеката Афроамериканецот Џејкоб Блејк кој ја отвора вратата на својот автомобил и се обидува да влезе, го спречува да влезе во автомобилот и неколкупати пука во неговиот грб.

Според изјавата на полицијата, на местото на нстанот отишле по добиени информации поради „семејно насилство“.

Од друга страна пак, очевидци изјавиле за американската медија дека Џејкоб Блејк се обидувал да раздели две жени кои се карале и дека полицијата пристигнала во тој момент.



Слични вести