Столтенберг: НАТО посакува по пат на дијалог да се намали тензијата во Источниот Медитеран

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Сојузот посакува по пат дќна дијалог да се намали тензијата во Источниот Медитеран

1479675
Столтенберг: НАТО посакува по пат на дијалог да се намали тензијата во Источниот Медитеран

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг учествуваше на состанокот на министрите за одбрана што се одржа во главниот град на Германија, Берлин. 

Пред состанокот Столтенберг даде изјава за новинарите при што истакна дека треба да се намали тензијата во Источниот Медитеран и да се употреби патот на дијалог.

"Турција и Грција се долгогодишни значајни НАТО сојузници. Треба да го изнајдеме патот за решавање на ситуацијата Источниот Медитеран на основа на сојузничкиот дух и меѓународното право. Ги дочекува со задоволство напорите на Германија за посредување." - рече Столтенберг.

Тој истакна дека се во контакт со Анкара и Атина.

Јенс Столтенберг рече дека пред сегашната операција Ирини (за спречување на испораката на оружје на Либија од морето) беше придонесено во поморската мисија на Европската унија (ЕУ) во Средоземното Море и дека се разгледува каков придонес ќе и се даде на сегашната мисија на Европската унија (ЕУ), но дека нема нешто ново по ова прашање. 

Велејќи дека ја следат одблизу и ситуацијата во Белорусија, Столтенберг нагласи дека НАТО не испраќа дополнителна војска во областа.

Тој упати повик до управата на Белорусија да покажува почит кон фундаменталните права на народот како што се мирољубивите протести и слободата на изразувањето.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се осврна и на труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во врска со што истакна дека лекарите во Германија немаат сомневање од наодите во тоа оти Навални е отруен.

Столтенберг рече дека Русија треба да започне транспарентна истрага во врска со труењето на Навални и посака да се побара сметка од одговорните. 



Слични вести