Состојбата со Ковид-19 во светот: Бројот на инфектираните надмина 24 милиони

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 182 илјади 404 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува 5 милиони 955 илјада 728 инфектирани

1479130
Состојбата со Ковид-19 во светот: Бројот на инфектираните надмина 24 милиони
süper covid19.jpg
Covid Süper.jpg
super covid19 abd
SPR Barcelona covid.jpg
Süper Covid.jpg
super covid19 fransa
Covid-19.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 8.jpg
moskova covid.jpg
super ispanya covid-19
super covid-19 hindistan.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 823 илјади 513 лицa, на случаите на зараза изнесува над 24 милиони 061 илјада лица, а досега оздравеа повеќе од 16 милиони 608 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 182 илјади 404 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува 5 милиони 955 илјада 728 инфектирани. На универзитетот Алабама кадешто на 19 август започна да се одржува настава лице в лице добиле позитивни тестови на Ковид-19 531 лице, студенти, професори и некои службеници. 

Од друга страна, се истакнува дека имигрантите кои биле заболени од коронавирусот во центрите за притвор биле принудени да живеат со денови во ќелии, самици, под недоволни здравствени услови. Како што е соопштено во центрите за притвор во САД од средината на август досега од Кобид-19 починале 5 имигранти, додека бројот на заразените од вирусот изнесувал приближно 5 илјади лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 116.666, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 674 илјади 176 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 650 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 61.450, додека со регистрирани 4.916 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 568.621 лице.

Во Велика Британија, со најголем број починати и епицентар на коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.449 лица, а на случаите на зараза изнесува 327.798.

Во Италија, бројот на смртните случаи се зголеми на 35.445, а на случаите на зараза  изнесува 261.174 лица.

Во Франција, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 30.544, а на случаите на зараза изнесува 248.158 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека во последните 7 дена од Ковид-19 починаа 116 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 28.924, додека во изминатите 24 часа се регистрирани 7.117 нови случаи на зараза и бројот на инфектираните достигна до 412.553 лица. Шпанскиот премиер Педро Санчез пред големиот раст на новите случаи на зараза ја повика армијата да помогне во борбата против епидемијата.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 28.001

Колумбија 17.889

Чиле 10.958

Белгија 9.996

Германија 9.345

Канада 9.090

Аргентина 7.563

Еквадор 6.368

Холандија 6.207

Шведска 5.814

Боливија 4.664

Романија 3.367  

Швајцарија 2.002

Полска 1.977

Португалија 1.805

Србија 705

Северна Македонија 573

Бугарија 572

Босна и Херцеговина 560

Албанија 259

Грција 243

Хрватска 175

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 3 милиони 234 илјади 474 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 59.612.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 16.568 лица, а на случаите на зараза изнесува 956.749.

Во Иран, кадешто досега починаа 20.901 лице, бројот на случаите на зараза се искачи на 363.363. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.255 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 293.711. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 6.858

Ирак 6.596

Бангладеш 4.028

Саудиска Арабија 3.722

Филипините 3.038

Украина 2.318

Авганистан 1.397

Јапонија 1.196

Израел 859

Белорусија 652

Оман 642

Јужна Кореја 312

Бахреин 186

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 28.334 лица, а на случаите на зараза достигна до 1.207.623.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 13.308, а потоа следуваат Египет со 5.298, Алжир 1.456, Нигерија 1.007, Мароко 955, Судан 819, Етиопија 709, Кенија 559, Камерун 410, Сенегал 274 починати.

 



Слични вести