Според првите сознанија, Навалниј бил отруен

Здравствената состојба на Алексеј Навалниј е сериозна и моментално е надвор од животна опасност

1478547
Според првите сознанија, Навалниј бил отруен

Според првите сознанија, рускиот опозиционен активист Навалниј кој е префрлен на лекување во болницата на берлинскиот медицински факултет Шарите, бил отруен.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на болницата Шарите беше истакнато дека првите сознанија покажуваат дека Навалниј е отруен, но сеуште не е утврдена отровната супстанција.

Примероците што беа земени од Навалниј се испитуваат, а во телото се утврдени активни супстанции наречени инхибитори на холинестераза.

Здравствената состојба на Алексеј Навалниј е сериозна и моментално е надвор од животна опасност, но треба многу да се внимава на евентуалните последици до коишто може да дојде во нервниот систем.

Во меѓувреме, високиот европски комесар одговорен за надворешните односи и безбедносните политики на ЕУ Жозеп Борел истакна дека првите резултатите од тестовите покажуваат дека Навалниј бил отруен во Сибир.

На рускиот опозиционен активист му посакуваме што побрзо да оздраве. ЕУ го осудува овој обид за убиство на Наталниј, рече Борел.

Руските власти соопштија дека без задоцнување треба да започне независна и транспарентна истрага во врска со труењето на Навалниј.

Борел во продолжение додаде дека руските граѓани и меѓународната  јавност сакаат да ги дознаат вистините за труењето на Навалниј и упати барање за казнување на сторителите.

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хеико Маас исто така упатија повик за изнесување пред суд на одговорните за труењето на рускиот опозиционерски активист Алексеј Навалниј, кој на 20 август во рускиот град Томск се качи на авион и полета за Москва, но бидејќи му се слоши во аионот, беше принуден да слета на аеродромот во Омск.

Поради сомнение од токсично труење, Навалниј кој беше префрлен на лекување во болницата во Омск и беше изнесено тврдењето дека бил отруен со супстанца која му била ставена во чајот.

На 22 август, Навалниј со приватен авион од Омск беше префрлен во Берлин.



Слични вести