Повик за дијалог во Источниот Медитеран од германскиот министер Маас

Прозорците за дијалог меѓу Турција и Грција уште повеќе треба да се отворат

1478752
Повик за дијалог во Источниот Медитеран од германскиот министер Маас

 

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас упати повик до Турција и Грција да започнат директен дијалог во врска со Источниот Медитеран.

Министерот Маас пред денешната посета на Атина и Анкара одржа прес конференција на која потсети дека Турција и Грција се сојузнички земји на Германија во НАТО.

„Недоразбирањата околу природниот гас во Источниот Медитеран меѓу страните можат да се решат единствено врз основа на меѓународното право и по пат на искрен дијалог.

Натамошната ескалација на тензиите ќе предизвика штета на сите страни.

Прозорците за дијалог меѓу Турција и Грција уште повеќе треба да се отворат. Не треба да се затворат.

За да се постигне тоа, сега наесто нови провокации, треба да се фрлат чекори за намалување на тензиите и да започна директните преговори. Затоа овој потфат сакаме да го подржиме што посилно.

„Исто така го поддржуваме процесот на одржување средби што го започна високиот комесар за надворешни односи и безбедносни политики на ЕУ Жозеп Борел. На неделниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Берлин ќе бидат разгледани односите со Турција“ рече Маас.

Германскиот министер Маас по денешната посета на Атина, ќе допатува во Анкара и ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.



Слични вести