Повик од Зеленски до инвеститорите

Украина можеме заедно да ја формираме и сите да бидеме задоволни

1478724
Повик од Зеленски до инвеститорите

Украинскиот претседател Владимир Зеленски упати повик до странските инвеститори и претприемачи да инвестираат во неговата земја.

Зеленски во објавата преку профилот на твитер по повод Денот на независноста истакна дека Украина е предводничка земја од асепкт на иновациите.

„Украина со 5 отсто даночна стапка за информатичките технологии е привлечна земја за претприемачите и инвеститорите. Во својство на најголема земја на Европа, земјоделскиот сектор на Украина располага со доволен капацитет за целиот свет.

Затоа побрзајте. Украина можеме заедно да ја формираме и сите да бидеме задоволни. Целиот свет заедно со Украина може да се сбогати“ порача Зеленски.



Слични вести