Започна судењето на терористот Брентон Тарант кој изврши напад врз 2 џамии во Нов Зеланд

Судењето ќе го води судијата на Високиот суд во Крајстчрч Камерон Мандер додека терористот Тарант ќе учествува со видео и аудио систем (преку видео-линк) од самицата во најстрогиот затвор во земјата „Окленд“ кадешто се наоѓа во затвор

1477984
Започна судењето на терористот Брентон Тарант кој изврши напад врз 2 џамии во Нов Зеланд
BRENTON TARRANT2.jpg
BRENTON TARRANT3.jpg
BRENTON TARRANT4.jpg

Започна судењето на терористот Брентон Тарант кој во извршениот вооружен напад врз 2 џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд уби 51 лице, а рани 49 лица.

Според веста на Радиото на Нов Зеланд, под строги безбедносни мерки започна првиот ден од судењето на терористот Брентон Тарант кое започна во Високиот суд во Крајстчрч и за кое се очекува да трае 4 дена по што ќе му биде изречена и казната што ќе ја добие терористот Тарант.

Заворени се за сообраќај патиштата коишто водат до местото каде се наоѓа судот во кој се одржува судењето и на кое освен блиските на загинатите во терористичкиот напад учествуваат и лицата кои се спасија ранети од нападот.

На покривите на зградите околу судот се распоредени снајперисти.

Судењето ќе го води судијата на Високиот суд во Крајстчрч Камерон Мандер додека терористот Тарант ќе учествува со видео и аудио систем (преку видео-линк) од самицата во најстрогиот затвор во земјата „Окленд“ кадешто се наоѓа во затвор.

Терористот Брентон Тарант чие барање да се брани самиот на 13 јули беше прифатен од страна на Врховниот суд на Крајсчерч, ги призна сите обвинувања за коишто се терети, за извршено 51 убиство, обид за 40 убиства и еден извршен терористички напад.

Овој екстремно десничарски терорист кој застанува во одбрана на супериорноста на белата раса, по четиридневното судење се очекува да биде осуден на доживотен затвор без можност за ослободување, која никогаш не е изречена во Нов Зеланд

Инаку, терористот Брентон Тарант на 15 март 2019 година за време на клањање на петочниот џума намаз (петочната молитва) во џамиите Нур и Линвуд во градот Крајстчрч изврши вооружен напад со автоматско оружје при што во овој терористички напад животот го загубија 51 лице од кои еден Турчин, а 49 лица беа ранети меѓу кои и двајца Турци. 

 



Слични вести