Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 180 илјади 604 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува 5 милиони 874 илјада 146 инфектирани

1477892
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
Covid-19.jpg
super covid-19
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
SPR Barcelona covid.jpg
Covid Süper.jpg
süper covid19.jpg
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 6.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 812 илјади 537 лицa, на случаите на зараза изнесува над 23 милиони 586 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 16 милиони 085 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 180 илјади 604 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува 5 милиони 874 илјада 146 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 114.772, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 605 илјади 783 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 226 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 60.480, додека со регистрирани 3.948 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 560.164 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати и епицентар на коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.429 лица, а на случаите на зараза изнесува 325.642.

Во Италија, бројот на смртните случаи се зголеми на 35.437, а на случаите на зараза  изнесува 259.345 лица.

Во Франција, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 30.513, а на случаите на зараза изнесува 242.899 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 28.838, а на инфектираните достигна до 407.879 лица. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 27.663

Колумбија 17.316

Чиле 10.852

Белгија 9.992

Германија 9.332

Канада 9.073

Аргентина 6.985

Еквадор 6.310

Холандија 6.200

Шведска 5.810

Боливија 4.509

Романија 3.272  

Швајцарија 2.001

Полска 1.955

Панама 1.892

Португалија 1.796

Ирска 1.777

Доминиканската Република 1.567

Австрија 732

Србија 698

Данска 622

Унгарија 613

Северна Македонија 564

Бугарија 545

Босна и Херцеговина 532

Чешка 412

Финска 334

Норвешка 264

Албанија 250

Грција 242

Хрватска 171

Словенија 131

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 3 милиони 106 илјади 348 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 57.692.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 16.383 лица, а на случаите на зараза изнесува 956.749.

Во Иран, кадешто досега починаа 20.643 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 358.905. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.244 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 293.261. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 6.680

Ирак 6.428

Бангладеш 3.907

Саудиска Арабија 3.649

Филипините 2.998

Украина 2.271

Авганистан 1.387

Јапонија 1.176

Израел 834

Белорусија 642

Оман 609

Јужна Кореја 309

Бахреин 184

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 27.831 лице, а на случаите на зараза достигна до 1.192.414.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 13.059, а потоа следуваат Египет со 5.262, Алжир 1.435, Нигерија 1.002, Мароко 888, Судан 815, Етиопија 678, Кенија 548, Камерун 408, Сенегал 269 починати.



Слични вести