Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратиле во Либија 40 платеници од Јемен

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратиле во Либија 40 платеници од Јемен за да војуваат во редовите на милициските сили на пучистот Халифа против либиската Влада

1477899
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратиле во Либија 40 платеници од Јемен

Како што се истакнува Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратиле во Либија 40 платеници од Јемен за да војуваат против легитимната либиска Влада.

Адил ел-Хасени, еден од командантите од редовите на силите на отпорот на јеменската влада кои војуваат против Хусите на југот на земјата, во објавеното соопштение на своите профили на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук истакна дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратиле во Либија 40 јеменски платеници за да војуваат против легитимната влада, во редовите на руската безбедносна група Вагнер. 

Велејќи дека платениците за кои станува збор биле испратени во градот Сирте, Хасени истакна дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на секој од овие војници им плаќаат месечно по 5.000 саудиски ријали (приближно 1.300 долари).

Хасени информира дека платениците биле од градовите Дали и Лахик на југот на Јемен и рече дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) "своите пијони во Јемен ги користат како агенти и ги испраќаат да војуваат надвор од земјата".

Од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) или Јемен не е објавено одредено соопштение по прашањето.

Инаку, и англискиот весник "The Guardian" во декември 2019 година напиша дека властите во Абу Даби ги финансираат платениците кои се испраќаат во Либија за да војуваат во редовите на милициските сили на Хафтар Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.



Слични вести