Францускиот претседател Макрон го покани либискиот премиер Сараџ во Париз

Амбасадорката на Франција во Триполи Беатрис Ле Фрапер го побара по телефон либискиот премиер Фајез ал-Сараџ и му ја достави поканата на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Париз

1477813
Францускиот претседател Макрон го покани либискиот премиер Сараџ во Париз

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ доби покана од францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Париз.

Според објавеното писмено соопштение од канцеларијата за печат на Претседателскиот совет на Либија, амбасадорката на Франција во Триполи Беатрис Ле Фрапер го побара по телефон либискиот премиер Сараџ.

Во телефонскиот разговор беа разгледани случувањара во Либија и односите помеѓу двете земји.

Француската амбасадорска Ле Фрапер истакна дека нејзината земја ја поддржува последната иницијатива за прекин на огнот помеѓу либиската Влада со меѓународен легитимитет и Претставничкото собрание во Тобрук, политичкиот сојузник на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Ле Фрапер освен тоа, му ја достави на Сараџ и поканата на францускиот претседател Емануел Макрон во најскоро време да ја посети Франција.

Инаку, либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во петокот „како потреба на националната и политичката одговорност, ситуацијата во која се наоѓаат земјата и регионот, како и условите на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) издаде наредба до сите воени сили во земјата за итен прекин на огнот и стопирање на воените операции“.

Сараџ привлече внимание дека за вистински прекин на огнот Сирте и Џуфра треба да бидат демилитаризирани зони и странските војници и платениците треба да ја напуштат земјата, а воедно го повтори повикот изборите за Претседателскиот совет и општите избори да се одржат во март идната (2021) година и тоа во согласност со одредбите на Уставот за коишто ќе се договорат сите Либијци.

Воедно и претседателот на Претставничкото собрание во Тобрук Акиле Салих, политичкиот сојузник на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили, истовремено со соопштението на Сараџ за прекин на огнот упати повик за „итен прекин на огнот и Сирте да биде домаќин за привремено на новиот Претседателски совет што ќе се формира“.



Слични вести