Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 180 илјади 174 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува 5 милиони 841 илјада 428 инфектирани

1477632
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 3.jpg
Covid Süper.jpg
super covid-19 kolombiya
SPR Barcelona covid.jpg
covid19 guney afrika
covid19 meksika
super covid19 fransa
Süper Covid.jpg
Süper Covid-19.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 6.jpg
moskova covid.jpg
super covid19 hijyen.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 808 илјада 986 лицa, на случаите на зараза изнесува над 23 милиони 401 илјада лица, а досега оздравеа повеќе од 15 милиони 935 илјада заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 180 илјади 174 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува 5 милиони 841 илјада 428 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 114.277, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 582 илјади 698 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 644 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 60.254, додека со регистрирани 6.482 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 556.216 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.423 лица, а на случаите на зараза изнесува 324.601.

Во Италија, во изминатите 24 часа од новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија уште 3 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.430. Со регистрирани 1.071 нов случај на зараза пак, бројот на инфектираните во земјата се искачи на 258.136 лица. Дневниот број на нови случаи на зараза во последно време е во тренд на раст, така што за прв пат од 12 мај досега се зголеми на над илјада инфектирани лица. Високиот институт за здравство соопшти дека просечната возраст на регистрираните нови случаи на зараза во последните две недели во земјата опадна до 32 години. 

Во Австралија, со смртта на уште 17 лица бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 502 лица, додека вкупниот број на случаите на зараза во земјата достигна до 24.816.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Франција 30.512

Шпанија 28.838

Перу 27.453

Колумбија 16.968

Чиле 10.792

Белгија 9.988

Германија 9.331

Канада 9.071

Аргентина 6.848

Еквадор 6.277

Холандија 6.200

Шведска 5.810

Боливија 4.442

Романија 3.233  

Швајцарија 2.000

Полска 1.955

Панама 1.878

Португалија 1.794

Ирска 1.777

Доминиканската Република 1.554

Австрија 732

Србија 695

Данска 622

Унгарија 613

Северна Македонија 563

Бугарија 545

Босна и Херцеговина 532

Чешка 411

Финска 334

Норвешка 264

Албанија 245

Грција 240

Хрватска 170

Словенија 131

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 3 милиони 049 илјади 855 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 56.875.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 16.383 лица, а на случаите на зараза изнесува 956.749.

Во Иран, кадешто досега починаа 20.502 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 356.792. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.235 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 292.765. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 6.680

Ирак 6.353

Бангладеш 3.907

Саудиска Арабија 3.619

Филипините 2.998

Украина 2.271

Авганистан 1.387

Јапонија 1.169

Израел 825

Белорусија 637

Оман 609

Јужна Кореја 309

Бахреин 184

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 27.649 лица, а на случаите на зараза достигна до 1.183.416.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 12.987, а потоа следуваат Египет со 5.243, Алжир 1.424, Нигерија 997, Мароко 858, Судан 815, Етиопија 662, Кенија 542, Камерун 408, Сенегал 266 починати.

 



Слични вести