Помпео ќе ги посети Израел и Обединетите Арапски Емирати

Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре во понеделник најпрвин ќе го посети Израел, а потоа наредниот ден во вторник ќе престојува во посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

1477587
Помпео ќе ги посети Израел и Обединетите Арапски Емирати

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе престојува во посета на Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои неодамна постигнаа договор за нормализација на дипломатските односи.

Во веста објавена во израелскиот печат се истакнува дека американскиот државен секретар Мајк Помпео утре, во понеделник, ќе го посети Израел, а наредниот ден во вторник ќе премине во посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Како што се вели за време на посетата на Помпео освен постигнатиот договор за нормализација помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе бидат поставени на дневен ред и активностите на Кина и Иран во регионот.

Како што се наведува, за време на оваа негова посета американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе биде придружуван и од страна на Џаред Купнер, советникот и зет на американскиот претседател Доналд Трамп и советникот за национална безбедност на САД Роберт О'Брајан.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на 13 август соопшти дека Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) постигнаа договор за "целосна нормализација на односите".

На тој начин, по Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) станаа трета арапска земја која потпиша договор за нормализација на односите со Израел.



Слични вести