Либискиот премиер Сараџ издаде наредба за итен прекин на огнот и на воените операции

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ им издаде наредба на сите воени сили во земјата за итен прекин на огнот и стопирање на воените операции

1476936
Либискиот премиер Сараџ издаде наредба за итен прекин на огнот и на воените операции

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ им издаде наредба на сите воени сили во земјата за итен прекин на огнот и стопирање на воените операции.

Според објавеното писмено соопштение од либиската Влада, премиерот Сараџ „како потреба на националната и политичката одговорност, ситуацијата во која се наоѓаат земјата и регионот и условите на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) издаде наредба до сите воени сили во земјата за итен прекин на огнот и стопирање на воените операции“.

Сараџ соопшти дека за вистински прекин на огнот Сирте и Џуфра треба да бидат демилитаризирани зони.

Либискиот премиер привлече внимание дека крајна цел е да се воспостави суверенитетот на териториите на цела Либија и странските војници и платениците да излезат од земјата.

Нагласувајќи дека треба да започне повторно производството во нафтените лежишта и во пристаништата, Фајез ал-Сараџ побара приходите од нафтата да бидат уплатени на специјалната сметка на Националната нафтена корпорација (NOC) во Централната банка и да не се презема ништо со овие приходи се додека да се дојде до сеопфатен (инклузивен) политички поредок во правец на одлуките коишто се донесени на Берлинската конференција и додека да се воспостави транспарентна и добра управа со помош на Обединетите нации (ОН) и Мисијата на ОН за поддршка на Либија.“ 

На крај, како последно либискиот премиер Фајез Ал Сараџ упати повик изборите за претседателскиот совет и општите избори да се одржат во март идната (2021) година, а како што рече во соглансост со одредбите на Уставот за коишто ќе се договорат сите Либијци.



Слични вести