Грузија и Украина: Нашиот заеднички проблем е руската окупација

Министрите за одбрана на Грузија и Украина, Иракли Гарибашвили и Андриј Таран истакнаа во Тбилиси дека заеднички проблем на нивните земји е окупацијата и анексијата на нивните територии од страна на Русија

1475912
Грузија и Украина: Нашиот заеднички проблем е руската окупација

Украинскиот министер за одбрана Андриј Таран отпатува во официјална посета на Грузија кадешто во Тбилиси се состана со својот грузиски колега, министерот за одбрана Иракли Гарибашвили.

По средбата лице в лице, двајцата министри за одбрана Гарибашвили и Таран одржаа заедничка прес конференција.

Овде домаќинот, грузискиот министер за одбрана Иракли Гарибашвили истакна дека Украина и Грузија се стратешки партнери и напомена дека ѝ Украина ѝ Грузија се соочуваат со проблем во врска со својот територијален интегритет.

Гарибашвили истакна дека заеднички проблем и на двете земји е руската окупација во врска со што го рече следното: „За нас приоритетен проблем е окупацијата и анексијата на нашите територии од страна на Русија. Така да природно ние по пат на нашата сопствена политика треба да успееме да заврши окупацијата на нашите територии.“

Украинскиот министер за одбрана Андриј Таран пак, истакна дека тој заеднички проблем треба да се реши со повторно воспоставување на територијалниот интегритет и ослободување на окупираните територии од страна на Руската Федерација.

Двајцата министри за одбрана Гарибашвили и Таран воедно го потпишаа планот за соработка за 2020 година помеѓу министерствата за одбрана на Грузија и Украина.



Слични вести