Во операција во Нигерија се убиени 20 членови на терористичката организација Боко Харам

Портпаролот на Министерството за одбрана Џон Ененке истакна дека воздухопловните сили на Нигерија реализираа воздушна операција врз терористичката организација Боко Харам во басенот на езерото Чад при што се убиени 20 членови на организацијата

1475696
Во операција во Нигерија се убиени 20 членови на терористичката организација Боко Харам

Во реализирана операција против терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел на Нигерија се убиени 20 членови на организацијата.

Портпаролот на Министерството за одбрана Џон Ененке истакна дека воздухопловните сили на Нигерија реализираа воздушна операција врз терористичката организација Боко Харам во басенот на езерото Чад.

Велејќи дека во операцијата се убиени 20 членови на организацијата, Ененке ја сподели информацијата дека освен тоа голем број членови избегале ранети.

Ененке воедно информира дека е запленета голема количина муниција и дека исто така се уништени и засолништа и логистички материјали на организацијата.

Од друга страна, како што се наведува во реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам врз безбедносните сили  загинаа тројца нигериски војници.



Слични вести