Во експлозија во близина на градот Деир ез-Зор во Сирија загина руски генерал

Во моментот на поминување на руски конвој кој се враќал од градот Деир ез-Зор во Сирија експлодирала експлозивна направа од рачна изработка поставена на крајот на патот при што загинал еден руски генерал мајор, а двајца војници биле ранети

1475587
Во експлозија во близина на градот Деир ез-Зор во Сирија загина руски генерал

Во експлозија на експлозивна направа од рачна изработка во Сирија загина еден воен експерт со чин   генерал мајор на руската армија, а двајца воени експерти се ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Русија се истакнува дека во моментот на поминување на руски конвој кој се враќал од градот Деир ез-Зор во Сирија експлодирала експлозивна направа од рачна изработка поставена на крајот на патот.

Во соопштението се вели дека во експлозијата биле ранети тројца воени експерти и се додава следното: „Животот го загуби еден воен експерт со чин гемерал мајор кој беше тешко ранет.“

 



Слични вести