Шефот на МОСАД во посета на ОАЕ

Обединетите Араоски Емирати (ОАЕ) е трета арапска земја која ги нормализира односите со Израел

1475629
Шефот на МОСАД во посета на ОАЕ

По потпишувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шефот на израелската разузнавачка служба МОСАД, Јоси Кохен престојува во прва официјална посета на ОАЕ.

Според веста на официјалната новинска агенција на ОАЕ, ВАМ – шефот на МОСАД Кохен во рамките на посетата на Абу Даби се состана со шефот на разузнавачката служба на ОАЕ, Шеик Тахнун Зајид Ал Нахјан.

Главна тема на разговорите на Ал Нахјан и Кохен беа соработката во сферата на безбедонските прашања како и размена на мислењата во врска со регионалните случувања.

На средбата беа разменети мислења и во врска со бората против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

На 13 август американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Израел и ОАЕ постигнале договор за целосно нормализирање на односите.

ОАЕ е трета арапска земја која ги нормализира односите со Израел, по Египет кој постигна договор во 1979 година и Јордан во 1994 година.



Слични вести