СЗО: Треба да го спречиме национализмот во врска со потенцијалната вакцина против Ковид-19

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус упати повик да се стави крај на национализмот во врска со потенцијалната вакцина против Ковид-19

1475147
СЗО: Треба да го спречиме национализмот во врска со потенцијалната вакцина против Ковид-19

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во дадената изјава во врска со потенцијалните вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) истакна дека стратешкиот и глобален начин на делување всушност е во корист на секоја земја.

Гебрејесус истакна дека земјите кои со намирање на потенцијалната вакцина против Ковид-19 ги приоретизираат сопствените национални интереси ја доведуваат пандемијата во уште полоша состојба.

Велејќи „Се додека никој не е безбеден, никој не е безбеден“, Гебрејесус напомена дека до сите земји членки на Светската здравствена организација (СЗО) испратил писмо за учество во мултинационалните работи за вакцина „КОВАКС“ (COVAX), механизмот за пристап до вакцина против Ковид-19.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус упати повик да се стави крај на национализмот во врска со потенцијалната вакцина против Ковид-19.



Слични вести