Шарл Мишел разговараше телефонски со рускиот претседател Путин во врска со кризата во Белорусија

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел истакна дека оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата во Белорусија

1475169
Шарл Мишел разговараше телефонски со рускиот претседател Путин во врска со кризата во Белорусија

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел во споделената порака на својот профил на социјалната медија истакна дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата и случувањата во Белорусија.

Мишел во својата порака истовремено алудираше и на лидерскиот самит на ЕУ кој ќе се одржи утре за разгледување на прашањето со Белорусија.

Тој рече: „Единствениот пат за решавање на кризата во Белорусија поминува од мирољубив и сеопфатен (инклузивен) дијалог.“

Според добиени информации од функционер на Европската унија (ЕУ), во телефонскиот разговор којшто траел приближно 30 минути е нагласена загриженоста на Европската унија (ЕУ) поради нерегуларности на изборите во Белорусија и насилството во оваа земја.

Во разговорот е изнесено тоа дека за воспоставување на дијалогот во Белорусија би можела да се искористи помошта од Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и е потврдено дека страните ќе бидат контакт. 

Инаку, Централната изборна комисија на Белорусија соопшти дека на одржаните претседателски избори на 9 август победи актуелниот претседател Александер Лукашенко со освоени 80,1 отсто од гласовите, а неговата најблиска противничка Светлана Тикановскаја остана на 10,12 отсто освоени гласови на белоруските гласачи.

По соопштувањето на резултатите започнаа протести во Белорусија. 



Слични вести