Шарл Мишел предложи состанок за Источниот Медитеран на 24 и 25 септември

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите членки на ЕУ во кое предложи на 24 и 25 септември да се одржи состанок за разгледување на прашањето со Источниот Медитеран

1474718
Шарл Мишел предложи состанок за Источниот Медитеран на 24 и 25 септември

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел им предложи на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) состанок за 24 и 25 септември за разгледување на прашањето со Источниот Медитеран.

Мишел испрати писмо до лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) во врска со видео конференцијата посветена на Белорусија којашто ќе се одржи денеска.

Потсетувајќи дека министрите за надворешни работи во петокот дискутираа за најновите случувања по минатонеделните претседателски избори во Белорусија и за ситуацијата во Источниот Медитеран, Мишел наведе дека одржаните избори во Белорусија не беа слободни и праведни.

Шарл Мишел нагласи дека треба да се осуди употребата на насилство врз демонстрантите по изборите и дека исто така треба да се одрази и волјата на народот во Белорусија.

Мишел појасни дека на денешната видеоконференциска средба на лидерите на Европската унија (ЕУ) ќе се разговара за тоа каква реакција ќе се покаже во врска со немирите во Белорусија, а воедно на крајот на своето писмо ги повика лидерите на земјите членки на ЕУ да одржат состанок по прашањето со Источниот Медитеран.

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел во писмото го напиша следното: „Во однос на едно друго прашање коешто го разгледаа нашите министри за надворешни работи (во петокот) во врска со ситуацијата во Источниот Медитеран, предлагам да одделиме време за целосно подготвување и за повторно состанување на специјален состанок на Европскиот совет на 24 и 25 септември 2020 година.“



Слични вести