Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
Во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 173 илјади 716 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 5 милиони 612 илјади 027 инфектирани

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 777 илјади 488 лицa, на случаите на зараза изнесува над 22 милиони 053 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 14 милиони 796 илјади заболени од вирусот.
Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 173 илјади 716 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 5 милиони 612 илјади 027 инфектирани.
Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 108.654, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 363 илјади 235 лице.
Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 266 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 57.023, додека со регистрирани 3.571 новозаразен бројот на случаите на зараза достигна до 525.733 лица.
Во Велика Британија, епицентарот на пандемијата во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.369, на случаите на зараза изнесува според официјални бројки изнесува 319.197 лица.
Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.400 лица, а на инфектираните достигна до 254.235 лица. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 14.867 лица.
Во Франција, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 30.429, а на случаите на зараза изнесува 219.029 лица.
Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека во последните 7 дена од Ковид-19 починаа уште 54 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 28.646. Министерството воедно соопшти дека од петокот досега во земјата е забележан раст во бројот на новите случаи на зараза од над 16 илјади лица. Бројот на инфектираните во Шпанија изнесува вкупно 382.142 лица.
Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака:
Перу 26.481
Колумбија 15.372
Чиле 10.513
Белгија 9.944
Германија 9.296
Канада 9.032
Холандија 6.172
Еквадор 6.083
Шведска 5.787
Аргентина 5.814
Боливија 4.123
Романија 3.029
Швајцарија 1.991
Полска 1.885
Ирска 1.774
Португалија 1.779
Панама 1.788
Доминиканската Република 1.481
Австрија 729
Србија 677
Данска 621
Унгарија 609
Северна Македонија 547
Бугарија 512
Босна и Херцеговина 486
Австралија 438
Чешка 399
Финска 334
Норвешка 261
Грција 230
Албанија 230
Хрватска 166
Словенија 129
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.
Во Индија, која со 2 милиони 703 илјади 517 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 51.936.
Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 15.740 лица, а на случаите на зараза изнесува 927.745.
Во Иран, кадешто досега починаа 19.804 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 345.450.
Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.190 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 289.832.
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака:
Индонезија 6.207
Ирак 5.954
Бангладеш 3.694
Саудиска Арабија 3.436
Филипините 2.681
Украина 2.116
Киргистан 1.498
Авганистан 1.375
Казахстан 1.269
Јапонија 1.099
Ерменија 832
Израел 692
Белорусија 613
Оман 588
Јужна Кореја 306
Бахреин 173
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 25.942, а на случаите на зараза се искачи на 1.132.101.
Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 11.982, а потоа следуваат Египет со 5.173, Алжир 1.379, Нигерија 977, Судан 803, Мароко 681, Етиопија 544, Кенија 482, Камерун 403, Сенегал 256 починати.