Американски воен авион изврши напад врз воен контролен пункт на Асадовиот режим кај Хасеке

Воен авион на САД отворил оган со тежок митралез врз воен контролен пункт на режимот во руралното подрачје на градот Хасеке кој не му дозволил на американски воен конвојот да помине

1474346
Американски воен авион изврши напад врз воен контролен пункт на Асадовиот режим кај Хасеке

Во реализиран напад од страна на воен авион на Соединетите Американски Држави (САД) врз еден воен контролен пункт на сирискиот режим во руралното подрачје на градот Хасеке, според првични добиени информации загина најмалку 1 војник на режимот, а двајца војници се ранети.

Според добиени информации од локални извори, воен конвој на САД при премин од селото Ебу ел-Дехеб јужно од населеното место Камишли во руралното подрачје на Хасеке бил запрен на еден воен контролен пункт на Асадовиот режим.

Потоа воен авион на САД отворил оган со тежок митралез врз воениот пункт на режимот кој не му дозволил на конвојот да помине.

Во нападот загинал најмалку 1 војник на режимот, а двајца војници биле ранети.



Слични вести