Мајк Помпео и Никос Дендиас разговараа за ситуацијата во Источниот Медитеран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас

1473398
Мајк Помпео и Никос Дендиас разговараа за ситуацијата во Источниот Медитеран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се состана со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас. 

На средбата беше нагласена потребата од намалување на тензијата во Источниот Медитеран.

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Морган Ортагус објави писмено соопштение во врска со одржаната средба помеѓу Помпео и Дендиас во главниот град на Австрија, Виена. 

Во соопштението се вели следното: "Министерот Помпео и министерот Дендиас разговараа за силните билатерални односи помеѓу САД и Грција и го истскнаа тоа дека итно треба да се намали тензијата во Источниот Медитеран."

Инаку, грчката управа од една страна не го прифаќа предлогот на Турција за преговарање за прашањата во Источниот Медитеран и развивање на правични решенија за проблемите, од друга страна во последните години со Кипарски-грчкиот дел и некои регионални земји продолжува да фрла еднострани чекори по прашањето на сферите на надлежност во морето.

Турција пак, ја повторува пораката дека е одлучна да ги преземе сопствените мерки против овие еднострани чекори.



Слични вести