Кипарските Грци и Грција се вратија со празни раце од состанокот на ЕУ

Кипарските Грци и Грција се вратија со празни раце од вчерашниот состанок на Советот за надворешни односи на Европската унија (ЕУ)

1473501
Кипарските Грци и Грција се вратија со празни раце од состанокот на ЕУ

Од вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ) не произлезе одредена одлука во врска со случувањата во Источниот Медитеран.

Советот за надворешни односи на Европската унија (ЕУ) вчера одржа вонреден состанок преку видео конференција под претседателство на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

На дневен ред на состанокот беа случувањата во Источниот Медитеран, интервенцијата врз демонстрантите по одржаните избори во Белорусија, експлозијата во Бејрут и Венецуела.

Според добиени информации од дипломатски извори на Европската унија (ЕУ), повикот на Грција и Кипарски-грчката управа за осудување на чекорите коишто ги презема Турција во Источниот Медитеран не доби поддршка.

На овој повик не пристигна поддршка од земјите членки на Европската унија (ЕУ) а пред се од Германија и од управата на ЕУ.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија истакна дека се во солидарност со Грција и Кипарско-грчкиот дел, а ја повика Турција да ја намали затегнатоста и на дијалог.



Слични вести