Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 170 илјади 415 лица, а на случаите на зараза изнесува повеќе од 5 милиони 415 илјади 666 инфектирани

1472787
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 757 илјади 476 лицa, на случаите на зараза изнесува над 21 милион 072 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 13 милиони 924 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 170 илјади 415 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 5 милиони 415 илјади 666 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 105.564, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 229 илјади 621 лице.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 627 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 55.293, додека со регистрирани 7.371 новозаразен бројот на случаите на зараза достигна до 505.751 лице.

Во Велика Британија, епицентарот на пандемијата во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.347, на случаите на зараза изнесува според официјални бројки изнесува 313.798 лица, меѓутоа се истакнува дека бројот на инфектираните од Ковид-19 би можел да изнесува 3 милиони 400 илјади лица. Оваа бројка којашто е утврдена со спроведено истражување од страна на „Imperial College“ едниот од водечките универзитети во земјата, изнесува 6 отсто од населението. Во ова истражување воедно се истакнува дека бројот на случаите на зараза од Ковид-19 кај малцинствата по потекло од Африка и Азија е за два пати поголем во споредба со другите етнички групи во Велика Британија.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.231 лице, а на инфектираните достигна до 252.235 лица. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 14.081 лице. 

Во Франција, бројот на смртните случаи се зголеми на 30.388, а на случаите на зараза достигна до 209.365 лица.  

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 28.605, а на случаите на зараза изнесува 355.856 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 25.648

Колумбија 14.145

Чиле 10.299 

Белгија 9.916

Германија 9.281

Канада 9.015

Холандија 6.165

Еквадор 6.010

Шведска 5.776

Аргентина 5.362

Боливија 3.884

Романија 2.860  

Швајцарија 1.991

Полска 1.844

Ирска 1.774

Португалија 1.770

Панама 1.722

Доминиканската Република 1.393

Австрија 725

Србија 661

Данска 621

Унгарија 607

Северна Македонија 532

Бугарија 484

Босна и Херцеговина 458

Чешка 391

Финска 333

Австралија 375

Норвешка 257

Грција 221

Албанија 213

Хрватска 161

Словенија 129

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, која е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза во изминатите 24 часа починаа уште 1.007 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 48.153. Бројот на случаите на зараза пак, со раст за уште 64.553 новозаразени достигна до 2 милиони 461 илјада 542 лица. 

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за 124 лица се зголеми на 15.384, а на случаите на зараза изнесува 907.758 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 19.162 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 336.324. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.153 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 287.300. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 5.968

Ирак 5.641

Бангладеш 3.557

Саудиска Арабија 3.303

Филипините 2.426

Украина 2.011

Киргистан 1.491

Авганистан 1.363

Казахстан 1.269

Јапонија 1.063

Ерменија 814

Израел 651

Белорусија 599

Оман 551

Јужна Кореја 305

Бахреин 167

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 24.727, а на случаите на зараза се искачи на 1.088.777.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 11.270, а потоа следуваат Египет со 5.107, Алжир 1.341, Нигерија 966, Судан 792, Мароко 584, Етиопија 479, Кенија 460, Камерун 401, Сенегал 244 починати.

 

 

 



Слични вести