Пентагон загрижен од заедничката воена вежба на Грција и Франција во Источниот Медитеран

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Џонатан Хофман истакна дека се загрижени од случувањата во Источниот Медитеран

1472803
Пентагон загрижен од заедничката воена вежба на Грција и Франција во Источниот Медитеран

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Џонатан Хофман истакна дека чувствуваат загриженост од заедничката воена вежба што ја реализираат поморските сили на Грција и Франција во Источниот Медитеран.

Хофман на одржаната прес конференција во врска со ова прашање го рече следното: „Отворено е дека сме загрижени од случувањата во Источниот Медитеран.“

Велејќи дека Франција и Турција се сојузници на САД од крајно големо значење во НАТО, портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Џонатан Хофман рече: „Сакаме да се намали затегнатоста. Посакуваме да продолжат со соработка, да изнајдат решение коешто нема да предвидува да постои потреба од употреба на воените бродови или авиони.“

 



Слични вести