Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во САД кадешто бројот на смртните случаи се искачи на над 167 илјади 749 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 5 милиони 305 илјади 957 инфектирани лица

1471378
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19
super covid19 abd
süper covid19.jpg
buenos aires covid-19.jpg
super covid19 2.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
super covid19 3.jpg
super covid-19 kolombiya
SPR Barcelona covid.jpg
super covid19 fransa
covid19 meksika

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 746 илјади лицa, на случаите на зараза достигна до 20 милиони 528 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 13 милиони 449 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случаи се искачи на над 167 илјади 749 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 5 милиони 305 илјади 957 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и кој се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 103.099, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 112 илјади 393 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 926 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 53.929, додека со регистрирани 6.686 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 492.522 лица.

Во Велика Британија, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.628, а на случаите на зараза изнесува 312.789 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.215 лица, а на инфектираните достигна до 251.237 лица. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 13.561 лице. 

Во Франција, во изминатите 24 часа животот го загубија уште 14 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 30.354, а на случаите на зараза со раст од 1.379 достигна до вкупно 204.172 лица. Францускиот премиер Жан Кастекс во дадената изјава во градот Монпелие истакна дека развојот на пандемијата во земјата дои кон лошо и дека состојбата е загрижувачка. Велејќи дека расте бројот на заболените пациенти кои се хоспитализирани и се наоѓаат на интензивна нега, Кастекс рече: „Доколку не преземеме мерки сите заедно ќе се соочиме со висок ризик од повторно започнување на пандемијата и ќе биде тешко тоа да се стави под контрола.“  

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 28.581, а на случаите на зараза изнесува 373.692 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 21.501

Колумбија 13.475

Чиле 10.178 

Белгија 9.885

Германија 9.268

Канада 8.991

Холандија 6.159

Еквадор 5.951

Шведска 5.770

Аргентина 5.004

Боливија 3.761

Романија 2.764  

Швајцарија 1.990

Полска 1.821

Ирска 1.773

Португалија 1.761

Панама 1.680

Доминиканската Република 1.346

Австрија 723

Србија 652

Данска 621

Унгарија 605

Северна Македонија 529

Бугарија 471

Босна и Херцеговина 447

Чешка 391

Финска 333

Австралија 352

Норвешка 256

Грција 214

Албанија 205

Хрватска 160

Словенија 129

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, која е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.216, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 332 илјади 908 лица. 

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 15.131, а на случаите на зараза 897.599 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 18.800 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 331.189. 

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.129 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 285.921. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 5.824

Ирак 5.531

Бангладеш 3.471

Саудиска Арабија 3.233

Филипините 2.312

Украина 1.951

Киргистан 1.484

Авганистан 1.354

Казахстан 1.269

Јапонија 1.052

Ерменија 803

Израел 622

Белорусија 592

Оман 533

Јужна Кореја 305

Бахреин 165

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 23.912, а на случаите на зараза се искачи на 1.069.093.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 10.751, а потоа следуваат Египет со 5.059, Алжир 1.322, Нигерија 956, Судан 786, Мароко 533, Кенија 438, Етиопија 440, Камерун 398, Сенегал 238 починати.

 



 



Слични вести