Делумно почна повторно да работи пристаништето на Бејрут

Министерот за економија на привремената влада на Либан Раул Наме соопшти дека по силната експлозија на 4 август пристаништето на Бејрут делумно почна повторно да работи

1471677
Делумно почна повторно да работи пристаништето на Бејрут

Една недела по силната експлозија делумно почна повторно да работи пристаништето на Бејрут коешто претрпе тешка штета во експлозијата.

Министерот за економија на привремената влада во Либан Раул Наме во споделената објава на својот профил на социјалната медија соопшти дека почнаа да работат 12 од 16 кранови во пристаништето на Бејрут и дека пристаништето ги започна своите активности за бродовите коишто ќе ја истоварат својата стока и ќе на товарат стока од пристаништето.

Министерот Наме воедно истакна дека се располага со резерви на пченица за задоволување на потребите на земјата во текот на 4 месеци.

Наме ја сподели информацијата дека моментално се располага со резерви од 32 илјади тони пченица и дека за два дена се очекува во Либан да пристигнат уште 110 илјади тони пченица.

Инаку, за време на силната експлозија во пристаништето на Бејрут беа оштетени и доведени во неупотреблива состојба и силосите со житарици така што според споделените бројки од страна на Министерството за економија, експлозијата предизвика штета од приближно 15 милијарди долари.

Надлежни на пристаништето информираа дека во силната експлозија загинаа најмалку 170 лица, а 30 до 40 лица се водат како исчезнати.

Од приближно 6 илјади ранети во експлозијата 120 се наоѓаат на интензивна нега, а некаде околу 1.500 ранети имаат потреба од специјално лекување.



Слични вести