Русија ја одобри првата вакцина против Ковид-19, СЗО предупредува во однос на безбедноста

Соопштението во врска со прашањето пристигна од рускиот претседател Владимир Путин кој истакна дека е одобрена првата вакцина против Ковид-19 во светот, додека Светската здравствена организација (СЗО) преудпреди во однос на безбедноста на оваа вакцина

1471201
Русија ја одобри првата вакцина против Ковид-19, СЗО предупредува во однос на безбедноста

Првата произведена вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Русија доби одобрение од руското Министерство за здравство.

Соопштението во врска со прашањето пристигна од рускиот претседател Владимир Путин кој истакна дека е одобрена првата вакцина против Ковид-19 во светот. 

Путин соопшти дека првата вакцина на земјата против Ковид-19 произведена од страна на Националниот центар за истражување Гамалеја е одобрена од страна на Министерство за здравство.

Велејќи дека се надева оти во најскоро време ќе се премине на сериско производство на вакцината, рускиот претседател Владимир Путин рече дека вакцината за која станува збор ја примила и нејзината ќерка.

Од друга страна, Светската здравствена организација (СЗО) истакна дека се следат работите за производство на вакцина против Ковид-19 во Русија и предупреди дека во однос на прашањето дека забрзувањето на процесот за борба против вирусот не значи дека ќе се направи отстапка од безбедноста на вакцината. 

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Тарик Јашаревиќ на одржаниот состанок за печатот во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева нагласи дека за одобрување на вакцината кандидат против Ковид-19 во било која земја од страна на Светската здравствена организација (СЗО) добиените податоци од клиничките тестирања треба да поминат низ ригорозен преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедност и ефикасност.

Имено, во третата и последна фаза од клиничките тестирања истата операција се повторува со неколку илјади примероци.

Целиот овој процес може да одземе месеци, па дури и неколку години.



Слични вести