Реакција од египетските опозиционери против потпишаниот договор помеѓу Грција и Египет

Египетските опозиционери во објавеното писмено соопштение покажаа реакција против постигнатиот таканаречен договор со Грција за разграничување на сферите на надлежност во морето

1470327
Реакција од египетските опозиционери против потпишаниот договор помеѓу Грција и Египет

Египетските опозиционери кои живеат надвор од земјата истакнаа дека постигнатиот таканаречен договор помеѓу Грција и Египет за разграничување на сферите на надлежност во морето, е неважечки.

Египетските опозиционери меѓу кои се наоѓаат и поранешниот претседател на Партијата за изградба и развој Тарик ез-Зумур и поранешниот член на Националниот совет за човекови права Усаме Рушди, во објавеното писмено соопштение покажаа реакција против постигнатиот таканаречен договор со Грција за разграничување на сферите на надлежност во морето.

Во соопштението се укажува на тоа дека треба да бидат зачувани стратешките интереси, историските права и природните ресурси на Египет и се вели следното: „Не е можно да се прифати и е нелогично да се вели дека овие договори се во усогласеност со правилата на меѓународното поморско право.“

Се нагласува дека „Поморскиот договор помеѓу Грција и Египет е неважечки“ и се изнесува следната констатација: „Договорот за разграничување на сферите на надлежност во морето, не значи Египет да се откаже само од својата ексклузивна економска зона, од стотици милијарди долари и од природните извори коишто се наоѓаат во овој регион, туку истовремено значи да се откаже и од шансата за искористување на изворите во иднина и во рдугите области.“

Инаку, на 6 август во Каиро од страна на египетскиот министер за надворшени работи Самих Шукри и грчкиот министер за надворшени работи Никос Дендиас, помеѓу Египет и Грција е постигнат таканаречен договор за разграничување на сферите на надлежност во морето.

министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека овој таканаречен договор ги прекршува континенталниот гребен и правата ѝ на Турција ѝ на Либија.

 



Слични вести