Протести во либанскиот главен град Бејрут против одговорните за експлозијата

Демонстрантите кои маршираат кон плоштадот на Шехидите Шехидите во близина на зградата на Парламентот и истовремено ги нападнаа со камења безбедносните сили распоредени во областа, се соочија со интервенцијата на безбедносните сили со солзавец

1469930
Протести во либанскиот главен град Бејрут против одговорните за експлозијата
super foto lubnan beyrut eylem.jpg
5a2d105763546.jpg
SPR beyrut.jpg
super foto lubnan beyrut eylem 3.jpg

Либанските безбедносни сили интервенираа со солзавец врз демонстрантите кои вчера вечер посакаа да маршираат кон зградата на Парламентот во главниот град Бејрут.

Група демонстранти кои се собраа на плоштадот на Шехидите во центарот на Бејрут протестираа против политичарите и функционерите кои ги сметаат за одговорни за силната експлозија до којашто дојде на 4 август во пристаништето на Бејрут.

Демонстрантите кои маршираат кон плоштадот на Шехидите Шехидите во близина на зградата на Парламентот и истовремено ги нападнаа со камења безбедносните сили распоредени во областа, се соочија со интервенцијата на безбедносните сили со солзавец.

Во меѓувреме, зетот на либанскиот претсеадтел Мишел Авн и пратеник Шамил Рукиз кој дојде на плоштадот на Шехидите за да им се приклучи на демонстрантите се соочи со реакцијата на демонстрантите кои велеа дека не сакаат меѓу нив ниту еден политичар.

Во главниот град Бејрут се собраа илјадници либански граѓани и завчера кадешто протестираа против функционерите кои ги сметаат за одговорни за силната експлозија до којашто дојде на 4 август, која го затресе целиот главен град и која доведе до смрт на 158 лица и повеќе од 6 илјади ранети. 

Притоа демонстрантите кои сакаа да маршираат кон зградата на Парламентот и упаднаа во некои министерски згради, се соочија со интервенцијата на либиските безбедносни сили.

Во немирите коишто продолжија синоќа до доцните часови животот го загуби еден припадник на безбедносните сили, беа повредени 70 припадници на безбедносните сили и 238 демонстранти, а беа притворени и 20 лица.



Слични вести