Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот: Бројот на инфектираните надмина над 20 милиони

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) со 165 илјади 617 починати и 5 милиони 199 илјади 444 инфектирани лица

1469958
Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот: Бројот на инфектираните надмина над 20 милиони
covid19 guney afrika
covid19 meksika
super covid19 fransa
Süper Covid.jpg
Süper Covid-19.jpg
covid.jpg
SPR Barcelona covid.jpg
super covid-19 kolombiya
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
Covid Süper.jpg
süper covid19.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 hijyen.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 734 илјади 020 лицa, на случаите на зараза достигна до 20 милиони 026 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 12 милиони 900 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 165 илјади 617 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 5 милиони 199 илјади 444 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и кој се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 101.136, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 035 илјади 582 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 292 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 52.298, додека со регистрирани 4.376 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 480.278 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.574, а на случаите на зараза изнесува 310.825 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.205 лица, а на инфектираните достигна до 250.566 лица. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 13.263 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 30.324, а на случаите на зараза на 197.921 од кои пак 84.761 лице се активни. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 28.503, а на случаите на зараза изнесува 361.442 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 21.702

Колумбија 12.842

Чиле 10.077 

Белгија 9.872

Германија 9.261

Канада 8.981

Холандија 6.157

Еквадор 5.922

Шведска 5.763

Аргентина 4.606

Боливија 3.640

Романија 2.700  

Гватемала 2.211

Швајцарија 1.986

Полска 1.807

Ирска 1.772

Португалија 1.756

Панама 1.639

Доминиканската Република 1.309

Србија 641

Австрија 721

Данска 617

Унгарија 602

Северна Македонија 527

Бугарија 447

Босна и Херцеговина 394

Чешка 390

Финска 331

Австралија 314

Норвешка 256

Грција 212

Албанија 199

Хрватска 157

Словенија 127

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, која е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 44.466, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 215 илјади 074 лица. 

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 14.931, а на случаите на зараза 887.536 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 18.427 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 326.712. 

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на зараза со што вкупниот број на инфектираните достигна до 84.668 лица, а досега животот го загубија 4.634.

Во Јужна Кореја, се регистрирани 28 нови случаи со што бројот на инфектираните се зголеми на 14.626, а на смртните случаи изнесува 305 лица.

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.097 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 284.660. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 5.723

Ирак 5.392

Бангладеш 3.399

Саудиска Арабија 3.167

Филипините 2.270

Украина 1.897

Киргистан 1.474

Авганистан 1.312

Казахстан 1.058

Јапонија 1.040

Ерменија 791

Белорусија 587

Израел 600

Оман 513

Бахреин 162

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 23.324, а на случаите на зараза се искачи на 1.052.040.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 10.408, а потоа следуваат Египет со 5.009, Алжир 1.302, Нигерија 945, Судан 781, Мароко 498, Кенија 420, Етиопија 407, Камерун 395, Сенегал 232 починати.

 



Слични вести