Поднесе оставка и либанската министерка за правда Мари Клуд Неџм

Министерката за правда на Либан Мари Клуд Неџм поднесе оставка и истакна дека оваа одлука ја донела по експлозијата во пристаништето на Бејрут и протестите коишто се одржуваат во главниот град

1470334
Поднесе оставка и либанската министерка за правда Мари Клуд Неџм

И министерката за правда на Либан Мари Клуд Неџм, по силната експлозија во пристаништето на Бејрут поднесе оставка.

Министерката Неџм ја соопшти својата оставка пред денешниот состанок на Министерскиот совет за којшто се очекува да се одржи денеска, а со цел разгледување на случувањата по големата експлозија до којашто дојде минатата недела.

Министерката Мари Клуд Неџм истакна дека оваа одлука ја донела по експлозијата во пристаништето на Бејрут и протестите коишто се одржуваат во главниот град.

Неџм стана трета министерка која му ја врачи својата оставка на прмемиерот Хасан Дијаб, а пред неја вчера поднесоа оставки и министерката за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Дамианос Катар.

Претходно исто така како реакција против силната експлозија со дејство на земјотрес во главниот град Бејрут поднесоа оставка и 6 мина пратеници кои како причина го наведоа катастрофалниот приод на владата во справувањето со катастрофата.

Инаку, на 4 август во магацинот број 12 во пристаништето на Бејрут кадешто се наоѓале експлозивни материјали најпрвин избувна пожар, а потоа дојде до многу силна експлозија којашто го затресе целиот главен град.

Според последни добиени информации, во експлозијата загинаа 158 лица, а приближно 6 илјади лица се ранети.



Слични вести