Либиската армија: Руски воени карго авиони слетаа во градот Сирте

Портпаролот на Одделот за заедничка операција во Сирте и Џуфра генерал Абдулхади Дирах истакна дека двата карго авиони за кои станува збор слетале на меѓународниот аеродром Гардабија во градот Сирте

1469921
Либиската армија: Руски воени карго авиони слетаа во градот Сирте

Либиската армија соопшти дека два руски карго авиони вчера слетале во градот Сирте кој се наоѓа под контрола на милициските сили на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Портпаролот на Одделот за заедничка операција во Сирте и Џуфра генерал Абдулхади Дирах истакна дека двата карго авиони за кои станува збор слетале на меѓународниот аеродром Гардабија во градот Сирте. 

велејќи дека авионите биле воени карго авиони, генерал Дирах рече дека не располагаат со детални податоци во врска со товарот што го носеле, меѓутоа напомена дека претпоставуваат дека станува збор за воен товар и муниција.

Инаку, Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија кој е поддржуван од Обединетите Арапски Емирати, Египет, Франција и Русија на 4 април 2019 издаде наредба за заземање на главниот град Триполи и ја вовлече земјата во спиралата на насилство.

Потоа пак, либиската армија на 25 март 2020 ја започна операцијата „Мировна бура“ против милициските сили на Хафтар и во рамките на оваа операција на 3 јуни целосно ја воспостави контролата во главниот град Триполи, а на 5 јуни ја воспостави контролата и во стратешкиот град Терхуне.

На 6 јуни либиската армија започна нова операција по име „Мировни патишта“ за ослободување од милициските сили на Хафтар на градот Сирте и воената воздухопловна база Џуфра и околните области и ги распореди своите единици во овие области.



Слични вести